Оштетените штедачи од Еуростандард банка најавуваат дека во наредниот период преку соопштенија до медиумите ќе ги извадат на виделина доказите за тоа како се одвивал грабежот на депозити во банката.
Преку примери ќе докажеме дека кредитите давани на разни правни лица се давани без никаква економска оправданост и против сите бизнис практики.
Тие го вперуваат прстот во гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и Трифун Костовски, која, според нив, директно и свесно дозволила и придонела да им се одземе целиот личен имот доверен во лиценцирана и контролирана банка. Потсетуваат дека многу луѓе се оставени во агонија, на улица или без здравствена затита.
-Гревовите на гувернерката Бежоска се големи. Дали гувернерката Бежоска знае што значи да луѓе штедат и се мачат со години за да купат свој дом и одеднаш сите пари им се одземат во Еуростандард банка поради невиден грабеж на нивни депозити која таа го дозволила? И сега овие луѓе се приморани да го продолжат својот живот под кирија и во агонија бидејќи сите средства им пропаднаа. Што треба овие луѓе да им кажат на своите деца? Како да ги воспитуваат понатаму? Детето што не може да оди на операција во странство бидејќи парите на неговата мајка се заробени во банката ќе дознае кој е виновен за неговата тешка судбина, но тоа нема да му помогне сега кога најмногу му треба. Во каква мизерна состојба е доведена самохраната мајка која ја изгуби целата своја заштеда во банката заработена со макотрпна и тешка работа во странство, а која сега остана болна на улица со своето малолетно дете и исто така болни и стари родители?
Исто така, во ризик се околу 2000 фирми.
-Што да кажат фирмите кои се донесени во очајна состојба? До вчера работеле, а денес се пред пропаст бидејќи сите пари им се одземени во банката и неможат да работат, не се ликвидни, нема плати за вработените, пропаѓаат. Во прашање се околу 2.000 фирми покрадени во масовен толериран грабеж во банката.
Одговорност мора да има за првотимците од Еуростандард банка предводени од Трифун Костовски кои не покрадоа во целост и за гувернерката Бежоска која го дозволи грабежот во банката, бараат оштетените штедачи.