Актуелно 21.03.2021 23:26

Едно лице е повредено вечерва во близина на Бигорски манастир (ФОТО)

Едно лице е повредено вечерва во близина на Бигорски манастир (ФОТО)

Од 21:00 часот сообраќајот на патнит правец Р1202 Маврови Анови – Дебар е во прекин поради две лавини кај манастирот Св. Јован Бигорски, ( пред и по бензинска пумпа на Макпетрол).

Екипите на Ј.П Македонијапат, А.Д. Кнауф – Дебар, локалната самоуправа и машината на манастирот Св. Јован Бигорски работат на расчистување на лавините и нормализирање на сообраќајот.

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција.

Градоначалникот на Маврово и Ростуше Медат Куртовски на својот Фејсбук профил информира дека вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднале три лавини.

Тој додава дека една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.

Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините.

-Вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини. Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата. Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините…, соопшти тој.