Почина Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование и пратеник.
Тој беше заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката.
Герамитчиоски беше универзитетски професор и доктор на науки.

„Засекогаш не’ напушти Тале Герамитчиоски, заменик-министер за образование 2002-2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката. Сочувство до неговото семејство. Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша Шекеринска..