30 проценти од тешките пациенти со ковид имаат тромболични компликации или состојба кога крвта има згрутчување.
Смртноста кај млади заразени од ковид 19 со вонреден надзор ќе ја разгледуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Во последните три дена починаа тројца пациенти со старост до 23 до 29 години.
Доктор Нела Костова од Клиниката за кардиологија објаснува дека иако млади пациенти со ковид е очекувано да бидат полесни случаи секако генетиката и моменталната состојба на заболувањето може да биде многу прогресирачка дури и да почине младиот пациент.
Доктор Костова објаснува дека ковидот буквално ги уништува крвните садови и доведува до компликации како што е згручување на крвта и добивање на удар.
За Костова многу е важна крвната слика и испитувањет на дидимерите кај заразените од ковид, бидејќи со првичната крвна слика се добива слика како болеста прогресира.