Актуелно 27.03.2021 10:36

Гужви за вакцинирање во Србија: Колони возила утрово ја напуштаат Македонија (ФОТО)

Гужви за вакцинирање во Србија: Колони возила утрово ја напуштаат Македонија (ФОТО)

Од утринава колони возила ја напуштаат Македонија. Камерите на Граничниот премин на Табановце покажуваат километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против корона вирусот кај нашиот северен сосед.

Иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници граѓани да се вакцинираат.

Дел од нив за Фактор изјавија дека ова е шанса да си го заштитат здравјето од опасниот вирус.

-За жал кај нас многу се оддолжи процесот на вакцинација. Премногу долго се чека да стигнат вакцините. Кој знае кога би можел да дојдам на ред. Ова е можност која ќе ја искористам да си го заштитам сопственото здравје, но и да не претставувам ризик за останатите со кои постојано сум во контакт, вели за Фактор скопјанецот Слободан. Б, кој со неколку пријатели утринава се упатија во Ниш.