Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на официјалниот фејсбук профил сподели тажна вест.
Таа во неверување се прости од својот колега Дејан, со кого се простуваат и останати вработени во УЈП.
-Што и да напишам,нема да е доволно. Единствено знам дека ова не беше во ниеден план. Не смееше вака.
Ти благодарам за се Дејан. И за другарството, и за соработката, и за разбирањето, и за колегијалноста. Почивај во мир,- напиша Сања.

-Мирно небо Деки, еден од најдобрите, најпрофесионалните луѓе што сум ги познавал, се вели во еден коментар.
-Почивај во мир, ќе недостигаш Дејан, стои во друг коментар.