Актуелно 02.07.2018 13:08

„Суецки канал“ среде Истанбул ќе гради Ердоган

„Суецки канал“ среде Истанбул ќе гради Ердоган

Последно нешто што турскиот претседател Ердоган го најави во предизборната кампања беше изградбата на „Истанбулскиот канал” за кој што изјави дека ќе влезе во учебниците по историја и го спореди со Суецкиот и Панамскиот канал.

Мегапроектот ќе чини 15 милијарди долари, иако неговите критичари тврдат дека еден таков обемен зафат не би можел да чини помалку од 65 милијарди долари, вклучувајќи ги и трошоците за преселување на дури 800 илјади луѓе, пренесуваат медиуми.

Уште во 2011 година, непосредно пред изборите што му обезбедija трет трет последователен мандат како премиер, Реџеп Тајип Ердоган ја објави својата визија за изградба на „лудиот проект”: Истанбулски Канал, вештачки воден пат кој ќе го поврзува Црното со Мраморното Море.

Каналот ќе ја подели европската страна на градот на два дела, создавајќи вештачки остров и ќе оди паралелно со Босфорскиот теснец, еден од најпрометните водни патишта во светот.

Иако малку се зборуваше во текот на изминатите седум години, на почетокот на оваа година овој многу амбициозен план стана речиси сигурен, кога беше објавена точната маршрута на Каналот долг 45 километри.

Според документите на турското Министерство за животна средина, Ројтерс пишува дека каналот ќе биде длабок 25 метри и широк помеѓу 250 и 1.000 метри, во зависност од тоа каде се наоѓаат доковите.