Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 1,30 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,46 отсто, на 72,75 долари
На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 139,95 на 140,15 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0700 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0705 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Во неделата, лидерите на ОПЕК+ одлучија да ги задржат постојните производствени квоти, но Саудиска Арабија најави доброволно намалување на производството за еден милион барели дневно.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 1,30 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,46 отсто, на 72,75 долари.
Азиските берзи пораснаа на почетокот на неделата
На азиските берзи цените на акциите пораснаа во понеделникот, по растот на Волстрит, бидејќи инвеститорите се надеваат дека американската централна банка нема дополнително да ги зголеми каматните стапки во јуни.
Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,3 отсто околу 19 часот.
Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,8 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 1 отсто.
Азиските инвеститори беа охрабрени од силниот раст на цените на акциите на Волстрит во петокот, откако американскиот Конгрес го поддржа Законот за фискална одговорност.
Со тоа е суспендиран лимитот за задолжување на американската влада од 31 400 милијарди долари, со што се спречи евентуалниот банкрот на најголемата светска економија.
Дополнително, инвеститорите се повеќе се убедени дека ФЕД ќе направи пауза од дополнителното зголемување на каматните стапки во јуни, а можеби и во јули, најмногу благодарение на податоците од американскиот пазар на труд.
Имено, во мај бројот на вработени во САД е зголемен за 339 000, значително повеќе од очекуваното. Но, стапката на невработеност достигна највисоко ниво во последните седум месеци од 3,7 отсто, што покажува дека се повеќе луѓе бараат работа и дека олеснуваат условите на пазарот на трудот.
Имено, повеќе работна сила го намалува притисокот врз компаниите да ги зголемат платите, што помага да се забави инфлацијата.
Најновите податоци ги поддржаа надежите дека ФЕД ќе направи пауза од затегнувањето на монетарната политика. Така, пазарот на пари проценува дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да не ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени на јунската сесија.