Актуелно 06.06.2023 09:11

БДП во првиот квартал со раст од 2,1 отсто

БДП во првиот квартал со раст од 2,1 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите – Градежништво од 12.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,

во првото тримесечје, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа

намалување во номинален износ од 1.4%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.