Актуелно 09.06.2023 09:51

Светска банка: Македонската економија годинава ќе заблежи раст од 2,4 отсто

Светска банка: Македонската економија годинава ќе заблежи раст од 2,4 отсто

Економијата на Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто, проценува Светска банка во најновиот извештај за глобалните економски перспективи. Економскиот раст во земјава благо ќе се забрза до 2,7 отсто во 2024 година и 2,9 отсто во 2025 година.

Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 отсто.

Клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во еврозоната.

Од земјите во регионот, годинава најголем економски раст ќе забележат Косово 3,7% и Црна Гора 3,4%. Албанија ќе има раст од 2,8%, Босна и Херцеговина, 2,5%, Србија 2,3%, Хрварска 1,9%, а Бугарија 1,5%.

Во однос на глобалните перспективи, Светска банка очекува годинава економскиот раст да забави и да изнесува 2,1% во однос на минатогодишините 3,1%.