Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се одобрени барањата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2022, односно мерка 121 Модернизација на земјоделски стопанства – Набавка на трактори.
За да го проверите статусот на вашето барање може самостојно да се најавите на порталот е-барање.

Портал за е-барање
За најава на порталот е-барање кликнете на следниот ЛИНК кој ќе ве однесе директно на страната за најава. Потоа најавете се со вашето корисничко име и лозинка кои ги имате на вашиот мејл со кој сте регистрирани во МЗШВ и проверете во мои барања.
Кај сите баратели кои се првично одобрени стои статус решение за одобрување како што стои на сликата погоре.