Бројот на умрените лица во земјава во 2022 година изнесува 22 459 и е намален за 21. 2 % во однос на претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11 868 или 52. 8 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.
3 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари, 2802. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71. 5 година, односно 75.
8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4. 3 години се бележи кај жените. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, 41.
3 %, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17. 0 %, кај 6.
8 % причина за смртта е вирусот КОВИД-19, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 6. 7 %, а болестите на респираторниот систем со 4. 5 %.