На државната администрација и пукна филмот. Протести најавуваат постојано. Од денеска вработените од УЈП, секој ден по два часа ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски во канцелариите, односно шалтерите ќе бидат затворени. Како што најавија синдикалците, веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк. Велат дека револтот на вработените бил се поголем, зашто тие го бараат само она што законски им следува.
„Доколку двете страни ги испазуваат роковите, до датум за генерален штрајк треба да се дојде во рок од 15 дена. Вработените инсистираат на одржување на протестите од кратко траење, да се одржуваат секој ден поради големото незадоволство, со што објективно ќе го изразат револтот од неостварување на правото основано врз основа на закон, а во исто време ќе имаа почит кон граѓаните и даночни обврзници за нивните права.“ изјави Васе Неданоски, претседател на синдикална организација, „Солидарност“.
Тие веќе предупредија дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на работата, а тоа ќе значи колапс за целата држава. Револт се зголеми откако министерството за финансии, под чија надлежност се тие, ги зголеми платите за 30%, но само за вработените во финансии.
Од министерството за финансии соопштија дека поединечни решенија не може да има и дека вработените во УЈП ќе треба да почекаат нов Закон за плати на вработените во јавниот сектор и нов Општ колективен договор за јавниот сектор за кој се преговара во Економско социјалниот совет.
Покрај УЈП и Царина излегува на протест. Вработените во Царинската управа го имаат идентичното барање – 30 отсто повисока плата.Протетот кој ќе се одржи утре на пладне е со предупредувачки карактер а од синдикатот УПОЗ предупредуваат на можна радикализација и блокирање на граничните премини.
Незадоволството во УЈП и Царинската управа кулминираше откако министерот за финансии Фатмир Бесими, ги зголеми платите само на вработените во министерството а не и останатите единици во склоп на министерството со образложение дека кадарот си заминува.