Актуелно 20.06.2023 09:23

Ако нема спогодба за плати до 27 јуни, УЈП ќе ја блокира цела држава

Ако нема спогодба за плати до 27 јуни, УЈП ќе ја блокира цела држава

Васе Недановски, претседателот на синдикатот во УЈП, во синоќешното гостување на Топ тема на Телма најави дека 27 јуни е датумот до кога треба да се спогодат вработените во УЈП и министрството за финансии.

„Во спротивно УЈП оди во генерален штрајк и целата држава ќе биде блокирана“, изјави Недановски.

Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи од 15 јуни секојдневно во знак на протест ја прекинуваат работата во периодот од 10 до 12 часот.

Тие бараат повисоки плати за 30 проценти.