Банкарство 21.06.2023 10:03

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА: Од август нови провизии за мобилното и е-банкарство

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА: Од август нови провизии за мобилното и е-банкарство

За услугите од мобилното и електронско банкарство на Стопанска банка а.д Битола граѓаните ќе плаќаат нови тарифи, кои ќе почнат да се применуваат од 16 август.

Во делот на мобилното банкарство – Bank2go, корисниците на пакетот Basic за услугата ќе плаќаат 20 денари месечно. Месечно за пакетот Silver ќе треба да се одвојат 60 денари, а за пакетот Gold 100 денари.

Исто така, промени на провизиите ќе има и за користењето на електронско банкарство од страна на физичките лица.

Од средината на август надоместот за следење и плаќање доколку истовремено се користи Bank2go ќе изнесува 20 денари месечно. Доколку, пак, истовремено не се користи Bank2go, за следење и плаќање ќе се наплатуваат 40 денари месечно.

Лицата на возраст од 18 до 25 години, кои ги користат пакетите за млади Silver или Gold од доменот на мобилното банкарство, исто како и на пакетот за млади кај електронското банкарство, не плаќаат никаков надомест. Или, овие услуги се бесплатни за сите постојни и идни клиенти кои се на посочената возраст.

Понатаму, еднократниот надомест за издавање на БТ ТОКЕН (апликација) ќе се наплатува 200 денари.

За издавањето КИБС сертификат (нов или обнова) на нов ПКИ токен, ќе важат следните цени:

Verba Sign PKI Token на една година – 3.000 денари
Verba Sign PKI Token на две години – 4.200 денари
Verba Sign PKI Token на три години – 5.500 денари

На веќе постоен ПКИ токен за издавање на КИБС сертификат (нов или обнова) ќе треба да се плати:

Verba Sign PKI Token на една година – 1.800 денари
Verba Sign PKI Token на две години – 2.700 денари
Verba Sign PKI Token на три години – 4.200 денари
Од битолската Стопанска банка информираат дека секој клиент има право и можност да го уреди, измени или да го прекине деловниот однос со Банката доколку до 16 август достави писмено барање. Во спротивно, ќе се смета дека новите провизии се прифаќаат и од наведениот датум ќе почне нивната наплата.