Актуелно 22.06.2023 09:01

Мкд.мк: Бизнис центарот Соравиа го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана

Мкд.мк: Бизнис центарот Соравиа го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана

По објавените информации за продажбата на бизнис центарот Соравиа во строгиот центар на Скопје, МКД.мк објавува дека една од двете компании кои се дел од оваа зделка всушност е фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, лидерот на владејачката партија ДУИ.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

-Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3, пишува МКД.мк.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.