Актуелно 22.06.2023 10:46

Дали власт и синдикатите се на иста линија за новиот колективен договор?

Дали власт и синдикатите се на иста линија за новиот колективен договор?

Администрацијата бара повисоки плати, власта решение гледа во новиот колективен договор, од Синдикатот можност за заедничко решение најавуваат најрано за три месеци.

До крајот на јуни ќе бираат ново раководство во ССМ, а после тоа седнуваат на преговори на социо-економскот Совет. Прифатливо за нив е зголемување на платите за 6,000 денари веднаш и исплата на регрес за годишен одмор, па потоа скалесто зголемување секоја година, согласно порастот на трошоците за живот.

Тоа значи ако еден помлад соработник зема близу минималната плата односно 20,273 денари месечно до 2028 година би достигнал до плата од 26,300 денари. Тоа за нас е неприфатливо. Ние бараме зголемување веднаш, а не за 5 години.

Сепак, прво мора да избереме ново раководтсво, за да имаме легитимен претстваник кој би го потпишал тој договор, и секако нема да прифатиме нешто со кое нема да бидат задоволни вработените. Јас очекувам новиот договор да го потпишеме најрано до крајот на летото или до крајот на годината, изјави Иван Пешевски, ССМ.

Вицепремиерот Битиќи пак се надева на прифатливо решение за брзо време. Вели дека владата подготвува предлог со кој ќе им понуди достоинствени плати на административците. Парцијалното решение, односно зголемување на платите само во Царина или УЈП, смета дека нема да го реши проблемот со незадоволството од ниските плати во јавниот сектор.

Навистина сме многу блиску со решението во Општиот колективен договор, требаше денеска да имаме Економски социјален совет, но од ССМ најавија дека не можат да присуствуваат зашто не се во државата. Мислам дека следната недела ќе имаме, но во меѓувреме ќе испратиме нов предлог според кој во брза иднина сите вработени во јавниот сектор, не само УЈП и Царинската управа, ќе добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат, а за кои мора да сториме се. Луѓето во јавниот сектор и администрацијата навистина заслужуваат достоинствени плати – подвлече вицепремиерот.

Се бројат деновите за кога е најавен генерален штајк во УЈП. Наредната недела веќе треба да има одлука – или ќе добијат зголемување на платите за 30%, или вработените нема да ги извршуваат работните задачи, односно ќе има целосен застој во функционирање на државата.

Сепак од власта се оптимисти – разговарале и со директорите на УЈП и Царина и се надеваат дека протести и штрајкови нема да има.