Актуелно 29.06.2023 10:21

Димитриеска-Кочоска: Со граѓанската обврзница сакаат да ги исперат црните пари

Димитриеска-Кочоска: Со граѓанската обврзница сакаат да ги исперат црните пари

Гордана Димитриска-Кочоска во интервјуто за „Република“ објасни и што значи најавата за издавање на граѓанска обврзница. Според неа, целта на оваа обврзница е да се исперат црните пари а во прилог на ова тврдење е и фактот што оние што ќе донесат над 15.000 евра и ќе ги вложат во граѓанската обврзница немаат обврска да докажуваат потекло на парите.

– Државата издава државни хартии од вреднот кои и досега можеа да ги купат и физички лица преку брокери.Но која е крајната цел со граѓанската обврзница. Министерот за финансии кажа дека обрзницата ќе биде биде наменета за граѓаните и оти целта било да се извлечат парите од граѓаните кои ги чуваат дома под перница и да ги вложат. Потоа стигна известување од банките дека секое лице што ќе отиде во банка и ќе донесе од дома повеќе од 15.000 евра нема да има обврска да донесе документ за потекло на своите пари.Ова јасно покажува дека сакаат да ги исперат црните пари. Притоа многу ни е јасно каде има црни пари.Не очекувам дека во Свети Николе, Берово или Делчево ќе најдеме црни пари, но во некои други делови ќе најдеме. Со ова ги ставаат во нерамноправна положба тие што ќе ги донесат црните пари над 15.000 евра и кои нема да ги прашате од каде им се со тие што ќе ги прашате од каде им се затоа што ќе ги вложат парите како депозит во банка и нема да купат граѓанска обврзница.Само за граѓанска обврзница нема да имаат обврска да објаснуваат од каде им се, за се друго имаат. Тој што има црни пари дома значи дека има пари, нашите граѓани немаат. Им нудите каматни стапки кои се повисоки и правите притисок кон оние граѓани кои имаат депозити во банка да ги пренасочат кон граѓанската обвзница затоа што таму каматната стапка ќе биде попривлечна. За да може обврзицата на министерот да биде привлечна тој треба да понуди повисока камата од онаа што ја имаат на депозитие во банките. Ќе понуди повисока камата, а банките за да се изборат своите депозити да не им се одлеваат во граѓанската обрзница ќе понудат повисоки камати и повторно ќе ги качи каматите на кредитите затоа што каматата на кредитот е приход за банката, а каматата за депозитот е трошок. И сега трошокот ако им расте тие мора да ги зголемат каматите на кредитите. Граѓаните во Македонија живеат од кредити, не од депозити, нема пари под перница. Едвај се прехрануваат од месец до месец и ваквата одлука во суштина само штетно влијае на најголемиот процент на граѓаните.Не може ние да се фокусираме и да ја гледаме онаа мала група на луѓе кои што имаат. СДСМ кога доаѓаше на власт една од приказните што ја продаваше беше „праведност и рамноправност“ – ќе земеме од богатите а ќе дадеме на сиромашните. Сега во пракса гледаме дека се зема од сиромашните а сите привилегии ги уживаат богатите.