АД Електрани на Северна Македонија ќе потпише договор за инвестициски грант за проектот Фотонапонска електрана Осломеј I со водечката меѓународна финансиска институција, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).
Фотонапонска електрана Осломеј I ќе биде со моќност од 10 мегават часови.
Во рамките на настанот, пред присутните ќе се обрати генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Стефанов.