Поранешен член на Надзорниот одбор на ТТК банка доби награда од близу девет илјади евра, за својот особен придонес во банката, кој траел 30 години, и кој ја направил банката стабилен субјект во банкарскиот систем на земјава.
Станува збор за Борислав Трповски, поранешен член на Надзорниот одбор на ТТК банка.
Точната сума е 540.000 денари или 8.800 евра.
„Наградата ја добива за неговиот позитивен придонес во развојот на банката, во стабилен правен субјект во банкарскиот систем на земјава“, се вели во берзанската објава.
На оваа сума банката ќе плати данок на лилен доход.
Оваа одлука следувала откако на Борислав Трпковски му престанала функцијата член на Надзорниот одбор на ТТК банка.
„За член на Надзорниот одбор на ТТК банка, со период до 3 април 2025 година, се именува Евгенија Трпкоска.
„На именуваниот член на Надзорниот одбор му се одобрува награда за ангажирање и учество во седниците на Надзорниот одбор во износ од 45 илјади денари“, се вели во одлуката од Собранието на акционери која оваа банка ја објави до инвеститорската јавност во земјава преку Македонската берза.
ТТК банка е една од најуспешните и најпрофитабилните мали банки во земјава.
Нејзиниот чист профит лани изнесуваше прилично солидни еден милион евра.