Економија 05.07.2023 09:57

СВЕТОТ ИМА НОВА „ЕКОНОМСКА ЅВЕЗДА“: Компаниите масовно ги селат бизнисите во таа држава

СВЕТОТ ИМА НОВА „ЕКОНОМСКА ЅВЕЗДА“: Компаниите масовно ги селат бизнисите во таа држава

Многумина би рекле дека Виетнам станува „ѕвезда на новите пазари“, бидејќи моментално во Ханој, главниот град на оваа азиска земја живеат околу осум милиони луѓе.

Секој ден се продава и купува се што можете да замислите: од апарати до храна, на преполните улици на главниот град, и иако војните го уназадија Виетнам – тој некако успеа да закрепне и да ја стекне довербата на големите компании. Просторот во Deep C Two индустрискиот имот во северен Виетнам е толку баран што оние што го градат веќе размислуваат како да создадат повеќе простор – и тоа со потиснување на Јужното Кинеско Море, кое, патем, е многу значајно водно тело во геополитичка смисла.

Во текот на историјата, поради својата позиција, тој беше еден од главните теми на спор на азискиот континент.

Според FT, некои од најголемите добавувачи на глобалните технолошки компании, како што е Apple, се наоѓаат во областа Deep C Two, во близина на најголемото пристаниште во северен Виетнам, наречено Haiphong. Поради се поизразените геополитички тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, како и деловните ризици поради изложеноста на вирусот Ковид-19, компаниите полека, но сигурно почнаа да се иселуваат од Кина.

Кластерот индустриски зони, Deep C, во сопственост на белгиската компанија „Ackermans & van Haaren“ во овој пристанишен град, а кој управува со вкупно пет зони во Виетнам, се подготвува за пристигнување на бројни бизниси.

„Ако има доволно побарувачка, ќе го вратиме земјиштето од морето“, изјави директорот за маркетинг на компанијата.

Како што расте ривалството меѓу Кина и САД околу технологијата и безбедноста, се повеќе компании стравуваат од ограничувања за тоа што и каде можат да произведуваат. Како резултат на тоа, многумина го дополнуваат производството во Кина, сè уште најголемиот производствен центар во светот, со проширување во други земји.