Актуелно 06.07.2023 08:45

350 Македонци произведуваат муниција на едно место, Петровски и Битиќи во посета на АТС Груп

350 Македонци произведуваат муниција на едно место, Петровски и Битиќи во посета на АТС Груп

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска беа во посета на фабриката за производство на муниција на АТС Гру

АТС груп е голема компанија која има 550 вработени, од кои 350 вработени се во фабриката за производство на муниција. Во моментот компанијата спроведува постапка за вработување на дополнителни 80 лица.

– Во поглед на инвестициите на компанија, вкупни нови инвестиции се 202 милиони евра, а само за малокалибарска муниција и каписли новата инвестиција е во вредност од околу 50 милиони евра, се вели во владиното соопштение.