Германскиот мултимилионер Хелмут Шлотерер им даде вреден подарок на своите работници. Имено, тој им ја препуштил целата модна компанија Марк Кејн која во иднина ќе им припаѓа на работниците.
Како што соопшти компанијата, многу богатиот основач Хелмут Шлотерер ги префрлил своите акции на вработените. Така, вредностите на компанијата треба да се зачуваат и во иднина, пренесува списанието Феникс.

Компанијата произведува женска облека, а е и извозник во неколку десетици земји.
Во 2020 година, компанијата имаше продажба од околу 200 милиони евра ширум светот. Шлотерер ја водеше компанијата повеќе од 50 години, пишуваат германските медиуми.
„Повеќе од сè друго, важно ми е да се погрижам Марк Кејн да дојде во вистински раце.
Продажбата на компанијата никогаш не беше опција за мене, а бидејќи мојата сопруга и јас немаме деца, решив да создадам основа за да ја одржувам компанијата“, објасни Шлотерер во соопштението за печатот.