Економија 13.07.2023 09:20

Ќе не чинат ли одземените рударски концесии милијарди евра отштета?

Ќе не чинат ли одземените рударски концесии милијарди евра отштета?

Арбитражна постапка беше покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година. Сепак, како што брифира Битиќи, државата во овој случај е уверена во позитивен исход.

Од она што е познато и „Еуромакс ресоурсес“, кој е инвеститор во рудник за бакар во Иловица, води правна битка, но пред домашните институции. Спорот настана по едностраниот раскин од страна на Владата на договорот за концесија за експлоатација. Од фирмата инвеститор истакнаа дека доколку правдата не биде задоволена кај нас и тие ќе покренат спор во меѓународна арбитража.

„Искрено се надеваме дека нема да се повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно–политичка агенда. Компанијата Еуромакс рисорсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека по прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати“, соопштија од Еуромакс Ресоурсес.

Доколку и оваа компанија инвеститор ја оствари најавата за покренување меѓународна арбитража, на државата и се заканува сума од над 2,5 милијарди евра за отштети кон приватни компании. Оваа сума е безмалку половина од актуелниот годишен буџет, кој изнесува 5,3 милијарди евра. Ревизорите веќе порачаа да се обрне внимание поради импликациите врз буџетот од страна на судските пресуди во меѓународна арбитража. Според математиките, ако државата ги загуби споровите секој македонски државјанин ќе биде задолжен за скоро две илјади евра. Инвеститорите пак изразија увереност во позитивен исход, зашто инвестициите се заштитени со меѓународни договори и се сигурни дека одлуките на арбитражите ќе бидат на нивна страна.