Актуелно 14.07.2023 11:23

Прочитајте што сè можете да носите при влез и излез од државава

Прочитајте што сè можете да носите при влез и излез од државава

Царинската управа на својата фејсбук-страница објави што се и во колкави количини е дозволено да се внесе при влез и излез од државата.

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН

200 ЦИГАРИ
100 ЦИГАРОЛОСИ
50 ПУРИ
250 гр. ТУТУН

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ
2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%

ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА
ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА
ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ
ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ
ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
(со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)

ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ
ЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:
ПАСОШ
ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ