Банкарство 07.08.2023 12:57

ДИРЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И РАЗВОЈ ЏАМБАЗОВСКИ КУПИ 120 АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

ДИРЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И РАЗВОЈ ЏАМБАЗОВСКИ КУПИ 120 АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Главниот директор за директор за продажба и развој и член на Управниот одбор, Никола Џамбазовски, се стекна со 120 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Ценовно чувствителната информација е објавена на Македонска берза.

Џамбазовски веќе две децении е дел од тимот на најголемата домашна банка. Од лани е член на Управниот одбор со мандат од две години.

На раководни позиции е 13 години. Инаку, во текот на целиот стаж во Банката работи во областа на кредитирање на стопанството и управување со проблематичните побарувања. А, пак, од минатата година ја извршува сегашната функција главен директор за продажба и развој.