Актуелно 08.08.2023 09:55

Овошјето за еден месец поскапело за 12%

Овошјето за еден месец поскапело за 12%

Падот на стапката на инфлацијата во јули беше 8,4% , а порастот на трошоците за живот 4,9%. Од Државниот завод за статистика велат дека трошоците на живот во јули годинава се зголемени за 1% во однос на јуни, а цените на мало се зголемени за 1,6%. Според податоците, поскапување е забележано и кај патничкиот воздушен превоз, сместувачките услуги, домашните услуги, фризерските услуги и центрите за убавина. Зголемување на цените има и кај горивата и електрична енергија.

Државен завод за статистика:

„Зголемување на цени е забележано кај свежото овошје за 12,6%, лебот и житарките за 3,8%, сирењето и урдата за 1,8%, рибата и морските плодови, како и млекото за 0,9%; шеќерот, џемот, медот, чоколадото и слаткарските производи за 0,5%. Од друга страна, намалување на трошоците на живот е забележано кај свежиот зеленчук, покрај компирот и другите производи за 4,8%, маслото, путерот за 3,6%, алкохолните пијалаци за 0,9%.“

Граѓаните велат дека не ги чувствуваат ефектите од намалување на инфлацијата. Тие се жалат на високите цени на храната и хигиенските производи.

Според Владата, се очекува зголемувањето на просечната плата да продолжи со двоцифрени стапки. Просечната стапка на инфлација за 2023 година се очекува да биде 8,9%. Од друга страна, Владата ветува дека ќе посвети внимание на создавање позитивна бизнис клима, каде што компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат конкурентни плати, чиј годишен раст ќе биде многу повисок од зголемувањето на трошоците за живот, се вели во соопштението на Владата.