Банкарство 08.08.2023 10:19

НБ: Македонија има 3,8 милијарди евра резерви, најмногу се во хартии од вредност

НБ: Македонија има 3,8 милијарди евра резерви, најмногу се во хартии од вредност

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 3.8 милијарди евра, соопшти Народна банка (НБ).

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (25,6 отсто) и монетарното злато (10,4 отсто), информираат од Народна банка.