Банкарство 08.08.2023 10:33

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува нова значајна докапитализација и изразена поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција.

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое е одобрена XХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Односно, Халкбанка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари, а единствен купувач е матичната банка Халкбанк АШ Турција.

Халкбанк АД Скопје е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, со постојан раст во сите сегмени на деловното работење. Таа е стабилна банка од аспект на капиталот, што се обезбедува преку додавање на капиталот на сите добивки кои што ги остварува во Македонија и многу повеќе од тоа, сé со цел да се обезбеди одржлив и здрав раст. Новата докапитализација е потврда за стабилноста и сигурноста на банката и посветеноста кон нејзиниот раст на македонскиот финансиски пазар, соопшти банката.