Банкарство 10.08.2023 10:37

Светска банка: Која држава има најдобар паритет на куповна моќ?

Светска банка: Која држава има најдобар паритет на куповна моќ?

Светска банка неодамна ја објави новата листа на најголемите светски економии во 2022 година согласно паритет на куповна моќ, што драстично го менува распоредот во врвот на глобалната економија.

Во минатото, согласно регуларните извештаи со децении на првото место се наоѓаа САД, оваа година првото место го завзема Кина со 30.300 милијарди долари.

На второ место е САД, на трето место Индија, зад нејзе Јапонија. Исто така, интересно е што и покрај сите санкции на Западните земји кон Русија, оваа економија се искачи на 5-то место, веднаш пред Германија.

Во топ 10 земји се наоѓаат Индонезија, Бразил, Франција и Обединето Кралство.

1 – Кина
2 – САД
3 – Индија
4 – Јапонија
5 – Русија
6 – Германија
7 – Индонезија
8 – Бразил
9 – Франција
10 – Обединето Кралство

Аналитичарите на Светска банка оценуваат дека до 2030 година првите пет земји ќе ги задржат своите позиции на листата на земји со паритет на куповна моќ, а воедно и дека ќе се намалат разликите помеѓу Индија, САД, Русија и Јапонија.

Македонија на оваа листа го зазема 125 место, помеѓу Киргистан и Зимбабве.

Земјите од регионот на поранешна Југославија (Хрватска – 81, Словенија -93, Босна -107, Србија – 79) се наоѓаат пред нас, единствено Црна Гора – 149 е полошо рангирана земја.

Од соседните земји, Косово се наоѓа на 145 место, Албанија на 114 место, Грција на 54 место и Бугарија на 69 место.