Банкарство 21.08.2023 13:33

За една година домаќинствата заштедиле и ставиле во банка речиси 424 милиони евра

За една година домаќинствата заштедиле и ставиле во банка речиси 424 милиони евра

На крајот од јули во банките имало речиси 8,3 милијарди евра депозити, од кои 2,3 милијарди евра се од корпоративниот сектор, а 5,4 милијарди евра се од домаќинствата, покажуваат податоците од Народната банка.

Споредбите покажуваат раст на депозитите во банките, како од влоговите на компаниите, така и од влоговите на домаќинствата.

Според податоците од Народната банка, вкупниот раст на депозитите во јули годинава во однос на пред еден месец е 11,1 проценти.

Притоа поголем е растот на депозитите кај корпоративниот сектор и тој раст изнесува 18,9 проценти, а помал годишен раст имало кај домаќинствата и тој изнесувал 8,4 проценти.

Во апсолутни бројки, за една година депозитите на корпоративниот сектор се зголемиле за 384 милиони евра, а на домаќинствата за речиси 424 милиони евра!