Банкарство 25.08.2023 10:49

Катица Кузманоска, Директор за бизнис развој во УНИБанка АД Скопје: Креираме услуги со кои го збогатуваме корисничкото искуство на нашите клиенти

Катица Кузманоска, Директор за бизнис развој во УНИБанка АД Скопје: Креираме услуги со кои го збогатуваме корисничкото искуство на нашите клиенти

За секој поединец или компанија од непроценливо значење е да може да и’ верува на својата Банка и тоа не само поради банкарските производи и услуги кои таа ги нуди, туку и поради искуството и знаењето на луѓето кои таму работат.

Истовремено од една Банка се очекува континуирано да воведува новитети кои се прилагодени на новите времиња и трендови и кои имаат за цел да го подобрат корисничкото искуство. Да имплементира услуги и продукти кои им го олеснуваат животот на корисниците и им помагаат во различни ситуации, кога се во земјава или на патување во странство. Веќе одамна се надминати традиционалните банкарски производи и услуги!

УНИБанка Скопје го прифати предизвикот да биде иновативна и модерна банка, која го поддржува современиот животен стил на своите клиенти и која им нуди бројни поволности. Банка која ги разбира нивните потреби и која е нивен партнер и поддржувач во животот.

Катица Кузманоска e Одговорен Директор за бизнис развој во УНИБанка, АД Скопје која со својот тим секогаш се труди да биде чекор пред другите и да иницира проекти кои го збогатуваат корисничкото искуство. Според неа во УНИБанка клиентите не се само бројка, туку почитувани соработници со кои се градат релации на долг рок, со кои Банката е во постојан контакт и според нивните очекувања и потреби воведува банкарски новитети.

„Довербата е клучот за нашата соработка! Додека персоналниот однос, почитта и достапноста на услугите е она што прави разлика. Токму затоа растеме како Банка и го зголемуваме бројот на корисници”, вели Кузманоска.

Токму затоа на темата банкарски иновации и поволности за корисниците нашата редакција се реши на разговор со неа.

УНИБанка редовно за своите клиенти нуди поволности. Најново е големата наградна игра во која може да се освои модерен стан во Скопје. Кој може да се вклучи?

Да, во моментот сме актуелни со наградната игра Со Mastercard® на УНИБанка плати и стан фати! За наградната игра се предводевме пред сѐ од мотивот да понудиме нешто несекојдневно, а есенцијално важно. Во таа насока за награда одлучивме да подариме нешто што во денешни услови е од исклучителна важност за секој еден од нас – да подариме ДОМ! Дополнително, станот и локацијата беа одбрани со особено внимание, бидејќи пред сѐ ни е важно нашите постоечки и потенцијални клиенти да бидат задоволни!
За учество во истата, правилата се едноставни – доволно е како физичко лице да користите картички од брендот Mastercard® издадени од УНИБанка и да се вклучите во големата наградна игра – Со Mastercard® на УНИБанка плати и стан фати! Во период од 21.06.2023г. до 21.09.2023г. со секое плаќање од минимум 1.000 денари, на сите продажни места или при плаќање на интернет во земјата, имате можност повеќе за награда и тоа: со дебитна картичка една, додека со кредитна картичка двојна шанса. Нешто навистина атрактивно и мотивирачко за брзо да се отиде во некоја од експозитурите на УНИБанка и да се извади картичка од брендот Mastercard®, доколку веќе ја немате. И секако најсреќниот ќе го освои станот!

Кои се другите бенефити од користењето на картичките на УНИБанка?

Со картичките на УНИБанка на клиентите им е обезбедена сигурноста на самите плаќања, широката малопродажна мрежа и секако бројни попусти кај нашите соработници. Сите картички од УНИ Банка, дебитни или кредитни, добиваат дополнителна вредност и за секое плаќање клиентите имаат можност за попусти и поволности кај нашите соработници.

И секако тука е и УНИFlex пакетот, со кој за 99 денари месечно клиентите имаат можност за неограничен број бесплатни трансакции преку електронското и мобилното банкарство, како и бесплатни повлекувања на готовина од туѓи банкомати во земјата.

Истиот е дизајниран во насока да им овозможи на клиентите комфорт при користење на банкарските услуги, со истовремена значителна ЗАШТЕДА!

Mastercard картичките издадени од УНИБанка овозможуваат многу дополнителни бенефити, посебно за оние кои често патуваат. Кажете ни повеќе?

Сеќавањата од патувањата се вистински извор на среќа, искуства кои ќе останат со нас целиот живот. На секое патување создаваме фотографии и видеа кои сакаме и брзо да ги споделиме со пријателите и најблиските. Затоа би споделила една многу корисна информација дека преку Boingo Wi-Fi корисничкиот профил, корисниците на Mastercard Gold и Бизнис картичките од УНИБанка Скопје имаат бесплатен пристап до повеќе од 1 милион hotspot локации низ светот со брз Wi-Fi интернет со премиум квалитет до 31.12.2023 год.

Корисникот може да се поврзе преку максимум 4 уреди (вклучувајќи мобилни телефони, таблети и лаптопи) секаде во светот, на аеродроми, во хотели, ресторани, кафетерии и многумдруги локации. Регистрација се прави на следниов линк: https://redeem.boingo.com/mcsi/. Додека на Boingo Wireless Hotspot Location Map може да се пронајдат hotspot локациите кои се достапни во близина на корисникот.

Достапен е и бесплатен роаминг. Преку регистрирање на Mastercard® Gold или Бизнис картичката на следниов линк: https://macedonia.flexiroam.com / smartCard-inline клиентите добиваат бесплатен роаминг план, каде и да патуваат. Со Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam се добиваат бесплатни 3 GB за првите 3 х 5 последователни дена, и 15% попуст на сите пакети доколку се активираат директно преку Flexiroam, за повеќе од 200 дестинации, со пристап до над 580 мобилни провајдери.

Кои се другите поволности за оние кои патуваат?

Корисниците на Mastercard Gold и Бизнис картичките од УНИБанка Скопје со активирање на услугата LoungeKey имаат можност за бесплатно користење на деловните зони на аеродромите во Скопје, Виена, Белград, Истанбул и Софија, каде може да се одморат, освежат со пијалак и да уживаат во останатите удобности. Доволно е на вработениот на влезот на деловната зона, да се покаже картичката и доколку истата одговара на условите за LoungeKey, клиентите добиваат пристап во деловната зона.

Истовремено за оние кои патуваат со авион постои дигитално решение кое го решава проблемот со чекањето во ред на аеродромите. Услугата е достапна преку бесплатната апликација Mastercard® Travel Experiences преку Google Play и App Store. Станува збор за услугата Mastercard® Airport Security Fast Track овозможена од Dragon Pass. Со неа се заменува чекањето во долгите редици на преку 70 аеродроми низ светот со брза лента која е загарантирана.

http://travelexperiences.mastercard.com

Би можеле да заклучиме дека Mastercard картичките на УНИбанка Скопје дефинитивно ни овозможуваат многу поголема удобност при патувањата!

Во тек е и акција за поттикнување што повеќе млади луѓе да користат Mastercrad картичка од УНИБанка Скопје. Кој е мотивот за нив?

Картичките дефинитивно им го олеснуваат динамичниот животен стил на младите. Не мора да плаќаат во кеш, имаат јасен увид на својата сметка и на сите плаќања. Дополнително овој период со секоја новоиздадена Mastercard картичка за млади на УНИБанка се добива подарок од 500 денари, со направен промет од минимум 1000 денари. Картичката носи и други поволности, првенствено бесплатен стикер кој е дебитна картичка во намален облик!

За младите е овозможено и бесплатно Е-Банкарство и СМС услуги, можност без провизија да се подигне готовина на банкоматите на УНИБанка и без месечен надомест за одржување на трансакциска сметка. Kартичката за млади e наменета за клиенти на возраст од 15 до 25 години.

И за крај, во овој период на поволности кои ги нудиме на клиентите би истакнала уште една поволност Бесплатно издавање стикер картичка која промотивно ја нудиме не само на младите клиенти, туку и за сите клиенти кои до крајот на годината ќе отворат сметка во УНИБанка.

Нема ништо поедноставно и практично од користење на оваа дебитна картичка во намален облик! Ја поставувате на телефонот, доближувате и плаќате.