Актуелно 31.08.2023 08:42

Се штеди на храна за да се платат сметките за струја и греење

Се штеди на храна за да се платат сметките за струја и греење

Се повеќе луѓе буквално штедат и на храна за да може да ги платат сметките за струја и за греење. Енергетската сиромаштија станува се посериозен проблем за кој никако да се најде решение. Наскоро ќе има нов удар за оние кои се грејат на парно, според најавите сметките од есенва може да бидат и до 20% повисоки.

Се штеди на храна за да се платат сметките за струја и греење. Една третина од населенито, според истражувањето на „Аналитик“, се изјаснило како енергетски сиромашно, проблем што ќе станува уште поголем ако државата не преземе мерки со кои ќе им помогне на најранливите. Според последните податоци, 37% од граѓаните се незадоволни од доцнењето на сметките за наплата на вода, 62% не се задовлони од испораката на струја, односно од ненавремено читање на броилата, а дури 60% од луѓето се неадоволни од, како што велат, лошите услуги на јавните препријатија.

„Енергетски ранливите лица го поддржуваат развојот на енергетските задруги и можноста на граѓаните да произведуваат енергија, поголема улога на општините и Народниот правобранител во енергетската транзиција, подобра усогласеност меѓу енергетските и социјалните мерки со цел намалување на енергетска сиромаштија, како и полесен пристап на граѓаните до средства за финансирање на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“, наведуваат од Аналитик тинк-тенк.

За да се обезбеди подобра услуга за граѓаните мора да има систем кој ќе работи на тоа, а за жал кај нас ништо од тоа не функционира. За луѓето да не кратат на храна, лекови или превоз за да ги покријат трошоците за енергија, експертите бараат државата да има поголема контрола врз енергетскиот систем, но и подобра социјална заштита отколку директна еднократна помош.

Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија истакна дека има постојана некознстистеност и некоординираност на политиките во оваа област. Таа истакна дека социјлните политики заостанаа позади еколошките политики. Ако теоретски енегетска сиромаштија е мултидимензионална, локализирана е во локалните политики и така поуспешно може да детектира енергетско сирошашн граѓани. Локалната заедница е важна во целиот овој проблем за намалување на енергетската сиромаштија. Мора да имаме политики кои ќе превенираат сиромаштија и да се надминат предизвиците кои доведуваат до намалување на приходите.

И додека ранливите категории граѓани едвај крпат крај со крај и не знаат како да го истуркаат месецот, Владата ја нема никаде да најде начин како да им помогне на овие луѓе.

Инаку, Македонија е лидер во регионот кога е во прашање бројот на сиромашни семејства, па така околу 440.000 граѓани живеат во сиромаштија. Од нив, околу 8% од сиромашните се вработени, 45% од сиромашните се невработени, 7% се пензионери и 33% останати.

Доказ за зголемувањето на бројот на сиромашни во земјава е и растот на социјалните случаи, кој за период од две години е дополнет со нови 9.000 семејства.