Американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари
На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Но, таа е на пат кон загуба оваа недела од околу 0,5 проценти.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,85 на 145,40 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,24 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,80 долари.
Азиските берзи благо пораснаа
Цените на азиските акции денеска благо пораснаа, најмногу благодарение на новите стимулативни мерки во Кина, но се тргува претпазливо пред извештајот за работните места во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.
Индексот МСЦИ на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа во плус 0,15 проценти.
Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Шангај пораснаа за околу 0,3 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за околу 0,2 отсто, додека во Хонг Конг не се работи поради ураганот.
Пазарите беа поддржани со нови мерки на кинеските власти за поддршка на пазарот на недвижности и зголемување на потрошувачката.
Во неколку големи градови беа намалени каматните стапки на хипотекарните заеми, додека утрово кинеската централна банка ја намали стапката на распределба на девизните резерви на финансиските институции, со цел стабилизирање на јуанот, кој е под притисок со недели.
Инвеститорите беа охрабрени и од приватниот извештај, според кој индустриската активност во Кина порасна значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите во август.
Вчера, пак, официјалниот извештај на кинеските власти покажа дека производната активност бележи пад петти месец по ред, додека активноста во услужниот сектор забави.
Инвеститорите се претпазливи и од фактот дека американскиот извештај за вработеноста и платите за август ќе биде објавен во петок, што би можело да има значително влијание врз насоката на пазарот.
Поради ова, тргувањето вчера беше претпазливо и на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,4 отсто, а S&P 500 околу 0,2 отсто. Индексот Nasdaq зајакна, од друга страна, за 0,1 отсто.