Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 048 илјади, во градско-приградскиот превоз 11 539 илјади, во железничкиот превоз 73 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 843 654.
Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 19.6 %, во железничкиот превоз е намалено за 32.3 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 19.3%.