Актуелно 04.09.2023 09:15

Битиќи во посета на Германија: Ќе се потпише договор со компанија за производство на батерии

Битиќи во посета на Германија: Ќе се потпише договор со компанија за производство на батерии

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски денес и утре ќе престојуваат во работна посета на Сојузна Република Германија, каде во Франкфурт ќе биде потпишан договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Северна Македонија.

Во рамките на посетата, Битиќи и Деспотовски ќе учествуваат на тркалезна маса со претставници на германски компании, на која ќе ги претстават условите и можностите за инвестирање во Северна Македонија и поволностите што се нудат во ТИРЗ.

Битиќи и Деспотовски ќе имаат и работни состаноци со менаџментот на неколку познати и глобално етаблирани германски компании.