Еден килограм свежо свинско место од денеска се продава за 40 денари поскапо. Трговците ова поскапување го образложуваат со зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и недостатокот на свинско месо на пазарот. Еден килограм живо свинско месо се продава по 150 денари за килограм, а во месарниците свежото свинско месо се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата.
На цената влијаеше и појавата на африканската чума во најголемата фарма во карбинскиот регион. Од вчера е почната еутаназијата на 9.000 свињи од оваа фарма.
Викендов првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски порача дека нема потреба да се манипулира за зголемување на цената на свежото свинско месо, но големите одгледувачи одлуката веќе ја донеле.
Се најавува зголемување на цените и на млечните производи. Се очекува и одлуката на Владата за враќање на намаленото ДДВ за повеќе од 1.000 производи.