Банкарство 12.09.2023 08:32

ТТК Банка: Идниот понеделник исплата на годишната камата за корпоративната обврзница

ТТК Банка: Идниот понеделник исплата на годишната камата за корпоративната обврзница

Годишната камата за корпоративната обврзница од првата емисија ТТК Банка ќе ја исплати идниот понеделник – на 18 септември, по стапка од 3,5 проценти.

Од Банката, преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата, соопштуваат дека се работи за корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО.

„Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2023 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 14 и 15 септември 2023 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 18 и 19 септември 2023 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 18 и 19 септември 2023 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата“, наведено е во информацијата од ТТК Банка.