Економија 21.09.2023 11:44

Индија го прекина извозот на ориз, притисокот се префли врз пченицата

Индија го прекина извозот на ориз, притисокот се префли врз пченицата

Податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) покажуваат дека глобалните цени на оризот се на највисоко ниво во последните 15 години. Растот на цените се случи по 20 јули, кога Индија објави дека ќе го прекине извозот на бел ориз. Во прекинот на извозот не е опфатен оризот басмати, но тој сочинува само четвртина од вкупниот извоз досега. Одлуката е донесена само неколку дена откако Русија го прекина учеството во Црноморската иницијатива за жито, што предизвика глобалните цени на храната да пораснат, објави Политика.рс.

Оризот е третото најпроизведено жито во светот, по пченката и пченицата, и обично се потребни 90 до 200 дена за да порасне, во зависност од сортата и условите на животната средина. Оризот е една од најпребирливите култури за одгледување, вообичаено бара од 3.000 до 5.000 литри вода по килограм култура, што е околу три пати повеќе вода отколку што е потребна пченицата за да расте. Трговците велат дека оваа забрана ќе влијае на побарувачката, но и на цените на пченицата, а предвидуваат и скок на цените поради пореметувања на пазарот.

Забраната за извоз на Индија беше воведена за да се контролираат домашните цени и како мерка на претпазливост беше објавена по доаѓањето на Ел Нињо, што може да предизвика суши што може да доведе до пониски приноси или дури и до неуспех на посевите. Евтиниот домашен ориз ја направи Индија најголем извозник во светот, со речиси 40 отсто од вкупниот извоз. Од јануари до јули, Индија извезла околу 12,9 милиони тони ориз во вредност од речиси седум милијарди долари во најмалку 150 земји.