Од денеска почна со работа новата експозитура на Шпаркасе Банка во Драчево.
Експозитурата е лоцирана на ул. Ратко Митровиќ бр.73-1/2 и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 08.00 до 16.00 часот, со цел обезбедување врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски сервиси.
Просторот е со површина од 140м2 и е модерно уреден во согласност со новиот корпоративен дизајн на Банката, збогатен со сите стандарди за комфорно и безбедно работење.
Оваа експозитура не само што се одликува со модерен и современ амбиент, туку е и опремена со еколошко одржливи материјали во согласност со стратегијата на Банката за одржливост и заштита на животната средина.
На свеченото отворање присуствуваа и членови на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, кои споделија дека Банката и натаму останува силно посветена на својата визија да биде водечка банка по квалитетот на услугата, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, истовремено поддржувајќи го развојот на локалните заедници.
Шпаркасе Банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.
Со новата експозитура, продажната мрежа на Шпаркасе Банка сега има 36 експозитури на територијата на Македонија, од кои 17 се лоцирани во Скопје и 19 надвор од главниот град.