Актуелно 02.10.2023 13:05

Пад во трговијата на мало со храна, пијалаци, горива…

Пад во трговијата на мало со храна, пијалаци, горива…

Во трговијата на мало, во август годинава во споредба со август минатата година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано само кај номиналната стапка во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 3.9 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, кај останатите групи е забележан пад и на номиналната и на реалната стапка и во: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4,7 проценти, а реално за 12,9 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0,6 проценти, а реално за 8,2 проценти) и во Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 18,8 проценти, а реално за 9,8 проценти).