Актуелно 26.10.2023 09:47

БЕКТЕШИ ВЕЛИ МЕРКИТЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ: Дали за Нова година ќе имаме замрзнати цени?

БЕКТЕШИ ВЕЛИ МЕРКИТЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ: Дали за Нова година ќе имаме замрзнати цени?

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека доколку има потреба и Нова Година ќе ја дочекаме со замрзнати цени.

Тој се пофали дека мерките досега даваат одличен резултат.

„Убеден сум дека до 10 ноември ќе ги имаме сите анализи за сите производи во одлуките, а компаниите и граѓаните навреме ќе бидат информирани за сите одлуки, односно најмалку десеттина дена пред истекот на владината одлука (30 ноември). Ако има потреба замрзнувањето ќе продолжи најмалку до крајот на годинава“, додаде Бектеши.

На 19 септември Владата реши да се замрзнат цените на 25 групи прехранбени производи. Државата неколку пати интервенираше со замрзнување на цените на производите за да го заштити стандардот на граѓаните.