Актуелно 27.10.2023 10:30

Битиќи: За 3 милијарди евра го зголемивме БДП, наскоро нови мерки

Битиќи: За 3 милијарди евра го зголемивме БДП, наскоро нови мерки

Не оставивме никого зад себе, се грижиме за секој, тоа е императив за СДСМ и во наредниот период, наскоро ќе има и нови мерки за финансиска поддршка на граѓаните, пакет антикризни мерки, а со Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи, рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи денеска во Само интервју на Канал 5 Телевизија.

Битиќи додаде дека Владата предводена од СДСМ со системски решенија и навремени мерки го поддршка стандардот на граѓаните и компаниите во време на кризи и така ќе продолжи. Пензионерите ќе бидат дел од новиот пакет антикризни мерки, додаде тој.

-Имаме разбирање за сите барања на пензионерите, затоа и минатата година и оваа година имаше антикризни мерки и пакети за поддршка, енергетски пакет, пензионерите ќе бидат опфатени и со новиот пакет антикризни мерки. Заради тоа што имаме разбирање. Законски обезбедивме два пати годишно усогласување на пензиите и досега два пати се зголемија, значи дава резултат, пензиите растат. Ние сакаме системски решенија. Дополнително со носење на нов Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи. После тоа ќе зборуваме за многу поубави работи за пензионерите, рече потпретседателот Битиќи.

Успеавме Бруто домашниот производ (БДП) да го зголемиме за 3 милијарди евра во споредба со ДПМНЕ, а парите денеска ги враќаме назад кај граѓаните, додаде Битиќи.

-Во 2017 година нашиот БДП бил 9.7 милијарди а во 2022 е 12.9 милијарди. Значи за 3 милијарди сме го зголемиле Бруто домашниот производ. Имаме зголемување на долгот од 2,8 милијарди од кои 2,2 милијарди се за антикризни мерки, вратени кај граѓаните. Тоа е многу важно, за што се трошат парите. Не сме ставиле ниту еден денар ниту во Белата палата, ниту во стиропор, ниту во жални врби. Ама ги вративме сите пари назад кај граѓаните. Во 2020 година, 2021, 2022 година, преку антикризните мерки, 80% од електричната енергија ја плаќа Владата, потенцираше Битиќи.