Како што нема раст на бизнисите без е-трговија, така нема раст на е-трговијата без вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција нема да го замени вработениот, но вработениот кој користи вештачка интелигенција ќе го замени оној што не ја користи.
Вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме, купуваме и живееме, ги менува и редефинира работните места и ако правилно ја користиме ќе ни ја направи работата поефективна и попродуктивна, беше речено на 6. Конференција за е-трговија што почна утрово во Скопје. Вештачката интелигенција е во фокусот на Конференцијата.
-Вештачката интелигнеција отвори нови хоризонти на е-трговијата, слично како што стикерите и емотиконите им отворија нови хоризонти на нашите повозрасни роднини па научија да ги користат.
Од супер персонализирано шопинг искуство и логистичка поддршка до смарт логистика, детекција на измами, оптимизација на цени и автоматизација – вештачката интелигенција е тука, го менува начинот на кој купуваме, продаваме, живееме, истакна Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија.
Таа претходно изјави дека земјите од регионот не се движат со саканото темпо во однос на е-трговијата. Најчесто се исто рангирани и споредено со европските земји се најниско на речиси рангови по индикаторите за е-трговија.
-Сите земји од Западен Балкан имаат слични карактеристики или заедно се наоѓаат здружено на сите речиси графици.
Она што е малку незадоволително е што не се движиме со темпото со кое сакаме да се движиме. Исто сме рангирани во повеќе индикатори споредено со европските земји најниско на сите речиси рангови по индикаторите за е-трговија.
Црногорците и Македонците најмногу користат интернет, но најдобри за онлајн купување се Србите со 63 проценти од интернет корисниците, на второ место е Македонија и најслаби се Црногорците и Албанците тука негде, истакна Ангеловска.
Во моментов пред присутните се обраќа претседателот Стево Пендаровски. На Конференцијата чие издание Ангеловска го најави како најголемо досега, има над 600 гости, 30 домашни и интернационални говорници