Актуелно 15.11.2023 12:17

Николовски: Со предложените измени на законот за земјоделско земјиште го штитиме земјоделското земјиште да не може да се пренаменува

Николовски: Со предложените измени на законот за земјоделско земјиште го штитиме земјоделското земјиште да не може да се пренаменува

„Во јануари 2022 година донесовме национален план за производство на храна и 14 огласи. Буквално, се она што го правевме е да се стави секоја педа земјоделско земјиште во функција на производството на храна токму такви се и овие измени. Не е точно дека владата донела одлука, туку министерството предложи на ЕНЕР системот измени на законот за земјоделско земјиште со коешто за првпат спречуваме пренамена. Лажни и неточни се тезите коишто ги слушаме овие денови во јавноста“, изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во неговото гостување во Дневникот на МРТ 1.

Министерот ги повика сите да го прочитаат законот за да видат дека од прва до четврта категорија ние го штитиме земјоделското земјиште да не може да се пренаменува.

„Законот за урбанистичкото планирање не стимулира, туку дестимулира. Што е суштината на законот? Имаме илјадници постапки за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министеството дава мислење со податоци, за класата, дали има одредени објекти, дали има договор за закуп на тоа земјиште, а пренамените ги прават општините согласно новиот закон за урбанистичко планирање“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека токму затоа министерството предложило измени на законот на земјоделско земјиште во коишто се вели дека за прва и втора категорија треба да има забрана за пренамена.

„Таа забрана сега не постои. Сега може да се пренаменува заради тоа што мислењето на министерството не е задолжително, и општините си ги спроведуваат урбанистичките проекти, каде може да се пренамени и прва категорија земјоделско земјиште во градежно. Токму поради заштита на земјоделското земјиште предлагаме прва и втора категорија за првпат во овие 30 години да има забрана да може да биде пренаменето за енергетски објекти“, заклучи Николовски.