Актуелно 15.11.2023 14:03

Владата одобри да се градат 29 километри од Коридорот 10д

Владата одобри да се градат 29 километри од Коридорот 10д

Владата го одобри Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп – Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат Прилеп – Битола е околу 40 км.

Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти, соопшти владината прес-служба.