Дигитализацијата ја менува играта, а тоа доведе и до големи промени во банкарствотоПотребата од отворени филијали се намалува, заради што една од најголемите банко во Германија објави дека ќе ги затвори сите свои филијали во Германија, освен седиштето.
Raiffeisenbank Hochtaunus, која ги затвора своите филијали, соопшти дека причина за овој необичен чекор е тоа што на луѓето се помалку им требаат контакти со вработени во банката. Иако готовината останува популарна, банката забележа невообичаено мала побарувачка во нејзините филијали.
Изненадувачки е што просечно двајца клиенти ја посетувале банката на час. Сепак, одлуката на банката да ги затвори сите свои филијали во Германија нема да влијае на понудата на готовина, пишуваат германските медиуми.
Со соработка со малопродажните синџири како Rewe, Penny и dm, банката планира да им излезе во пресрет на своите клиенти. Клиентите сè уште можат да подигнат готовина, но повеќе не во типична банкарска средина.
Овој драстичен потег покренува уште поголемо прашање: Дали ова може да биде почеток на крајот на ерата на готовина?
Експертите велат дека и други банки би можеле да го следат примерот. Затворањето на сите филијали во Германија носи огромно финансиско олеснување за оваа банка. Студијата на McKinsey & Company покажува дека снабдувањето со готовина ги чини банките околу 2 милијарди евра годишно, вклучувајќи ги и трошоците за околу 55.000 банкомати низ целата земја.
Оваа промена ја одразува и промената на навиките на потрошувачите. Картичките, паметните телефони и другите дигитални начини на плаќање стануваат сè попопуларни.
Според тоа, Raiffeisenbank Hochtaunus може да преземе важна улога, бидејќи ги охрабрува другите банки да ги затворат традиционалните филијали во корист на дигитални и поефикасни решенија. Изгледа дека иднината на готовината во Германија е под знак прашалник, пишуваат германските медиуми. ()