Француската економија забележа пад од 0,1 отсто во третиот квартал од годината, а ноемвриската инфлација се намали повеќе од очекуваното, покажуваат ревидираните податоци на заводот за статистика INSEE.INSEE соопшти дека придонесот на бруто инвестицискиот капитал, кој покажува колку нова додадена вредност се инвестира во економијата наместо да се троши, е значително ревидиран надолу во француската економија, а придонесот на домашната побарувачка исто така е намален на 0,2 поени.
Заводот за статистика објави дека придонесот на надворешнотрговската размена е минус 0,4 поени и дека има негативно влијание врз бруто домашниот производ во третиот квартал, бидејќи увозот е зголемен.
Во ноември, прелиминарната инфлација, усогласена со целата ЕУ, изнесуваше 3,8 отсто на годишна основа, инфлацијата се намали од 4,5 отсто во октомври, што беше помогнато со намалувањето на ценовниот притисок во енергетскиот и услужниот сектор.
Цените на храната се зголемија за 7,6 отсто во ноември, во однос на 7,8 отсто во октомври, додека растот на цената на енергијата забави на 3,1 отсто по растот од 5,2 отсто минатиот месец.
()