Економија 08.07.2018 19:09

Ќе достигнат ли цените на горивата рекордно ниво?

Како тргнало, да – 83,50 денари за литар бензин и 73 за дизел се највисоко што цените на горивата отидоа во Македонија во септември 2013-тата, кога барел сурова нафта во двонеделниот пресметковен период просечно чинеше 115 долари, а еден долар 46,37 денари. Сегашните цени од 71 денар за бензинот и 63,50 денари за дизелот се пресметани врз основа на просечната цена на нафтата од 74 долари и на доларот од 52,72 денари, со тоа што на дизелот му се додадени екстра 3,50 денари давачки. Во моментов цената на барел брент нафта на светиот пазар изнесува нешто над 77 долари и постојано се покачува, додека доларот се движи тука некаде. Колку со новата пресметка ќе не крсти регулаторната комисија за енергетика, утре ќе дознаеме.