Во железничка несреќа во неделата во северозападниот дел на Турција загинаа 24 лица, а 338 се повредени, пренесуваат турските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.
До несреќата дојде кога неколку вагони од патничкиот воз со 362 патници, кој се движел од градот Узункопра во провинцијата Едирна кон Истанбул, излетал од шините.
Од шините излетале шест вагони, а точните причини за несреќата не се знаат, иако претставниците на турксата железница изјавија дека лошото време и лизгањето на земјиштето се виновни за несреќата.
Можна причина за несреќата е мостот кој се урнал, јавија дел од турските медиуми. Руските медиуми пак јавија дека помеѓу повредените има и руски државјани.